Бејли: Уште еден руски гасовод нема да донесе чист воздух

„Не е војна на ‘Твитер”. Им поставивме прашање на македонските граѓани за мерки во краток рок за чист воздух. Уште еден руски гасовод нема да го стори тоа. САД ги поддржуваат желбата на Македонија да донесе гас во македонските градови и разновидноста во снабдувањето со гас во Македонија и во Европа“, реплицира Бејли, на твитот на претседателот на Обединета македонска дијаспора Мето Колоски: „Војна на ‘Твитер’ меѓу амбасадите на САД и на Русија во Македонија околу проблемот со загадувањето на воздухот во државата.

А се започна со твит на американската амбасада во Скопје каде што прашаа како да се реши загадувањето, а руската амбасада веднаш им одговори.

Бидејќи нашите пријатели од Амбасадата на САД во Македонија бараат идеи за загадувањето на воздухот во Македонија, би сакале да им го пoмогнеме со следново решение“ – стои во натписот на официјалниот твитер профил на Руската амбасада во земјава, на која се гледа скица од планираниот гасовод „Турски Тек“ кој според првичните планови требаше да поминува низ Македонија.

error: Content is protected !!