Потфрли собирањето ДДВ: Државата не може да го собере планираното ДДВ

Потфрли собирањето на ДДВ, оваа година нема да се собере планираниот износ. За експертите ова значи дека се губи довербата во државата и нејзините политики и дека на терен владее сивата економија, како и дека државните институции не ја работат како што треба својата работа.

А помалото собирање на ДДВ од планираното ќе значи и ново задолжувања од каде ќе мора да се пополни дупката. За првите 11 месеци во 2017 година се собрани 26 милиони евра помалку ДДВ од планираното. А за да се оствари проекцијата на Министерството за Финансии за 2017 година во декември треба да се соберат 92 милиони евра од ДДВ што е нешто невозможно ниту теорески, а уште помалку практично.

Но тоа што е уште полошо, е тоа што собирањето на ДДВ паѓа четири години по ред. И неиздавањето на фискални сметки има голем удел во намалената наплата на ДДВ. Дел од експертите предлагаат децентрализација на УЈП по општини, така што ако локалните единици на УЈП не го соберат планираното ДДВ во нивната општина или регион, нема да може да се финансира истиот. И за да не дојде до тоа ќе бидат заинтересирани да ја подобрат наплатата на ДДВ како и да ја намалат сивата економија.

error: Content is protected !!