Калифорнија ја легализира марихуаната

И покрај донесената одлука за легализација на марихуаната најголемите калифорниски градови Лос Анџелес и Сан Франциско, допрва ќе треба да започнат да издаваат локални дозволи.

Американската агенција за контрола на употребата на канабисот од петокот има издадено дури 120 привремени дозволи на овластени лица, кои продаваат марихуана за медицински цели.

Од понеделник купувачите ќе можат легално да купуваат производи од канабис во градовите, Окланд, Беркли, Сан Хозе, Сан Диего и уште неколку помали калифорниски градови.

Калифорнија станува седмата американска држава заедно со Алјаска, Колорадо, Орегон, Висконсин, Масачусетц и Вашингтон ДЦ, каде со закон е дозволено користење марихуана во рекреативни цели. Спомнатите држави го регулирале и имаат воведено данок на марихуана за рекреативна употреба, како законот со кои се регулира конзумацијата на алкохолот.

Со новиот калифорниски закон, изгласан на референдум во 2016 година, лицата постари од 21 година, им е дозволено поседување, транспортирање, набавка, потрошувачка и дистрибуција до 28,5 грама марихуана односно 8 грама концентрирана марихуана.

Во согласност со истите закони, возрасните лица смеат да одгледуваат до 6 билки марихуана по домаќинство, под услов, таа да не биде изложена на јавно место. Очекувано, против легализацијата во 2016 година беа граѓаните постари од 65 години и републиканците.

За да може од 1 јануари во калифорниските градови за рекреациски цели да може да се продава марихуаната во продавниците, нивните сопственици, мораат да добијат дозвола која ќе им ја издаде државата, а пред се ќе биде потребно да извадат локална лиценца. Но градовите како Лос Анџелес и Сан Франциско засега немаат ниту започнато со издавање на дозволи.

Половина од 50 американски држави дозволува користење на марихуаната за медицински потреби, иако во согласност со сојузните закони таа се уште е илегална.

Добрата вест е дека сите сојузни држави кои досега ја легализирале марихуаната за рекреативно користење веќе поставиле стандарди, што им служат како пример на државите што сакаат до воведат легализација.

Новиот закон најверојатно ќе придонесе за понатамошен раст на пазарот на марихуана во САД. Се проценува дека калифорнискиот пазар вреди 1,6 милијарди долари и дека до 2020 година, би можел да порасне до 6,4 милијарди долари.

error: Content is protected !!