Филм заработи над 1 милијарда долари за само 20 дена!

Овој филм успеа за помалку од три недели прикажување низ кино салите да заработи повеќе од 1 милијарда долари, можеби погодувате станува збор за филмот Војна на ѕвездите: Последниот џедај (Star Wars: The Last Jedi). Интересно за овој филм е што се наоѓа на 24 место на вечната листа на филмови кога е во прашање заработката, со 1,04 милијарди долари.

Но, од 5 јануари започнува неговото прикажување во Кина, што ќе донесе нови милиони заработка. Последното продолжение на Star Wars, го престигна филмското остварување на Walt Disney со наслов Убавицата и Ѕверот (Beauty and the Beast), филмот кој во 2017 година беше најуспешен во Северна Америка со заработка од 504 милиони долари.

error: Content is protected !!