Jack Ма претставува закана за националната сигурност на САД?

Кинескиот милијардер Jack Ма се откажа од купувањето на американската компанија за трансфер на пари, MoneyGram, бидејќи Вашингтон одби да му даде “зелено светло”.

Станува збор за договор вреден 1,2 милијарди долари, а тоа одбивање е нов пример за заострување на американската контрола врз кинеските инвестиции, јавува агенцијата AP.

MoneyGram и групацијата Ant Financial, во сопственост на Jack ma, не успеаа да добијат дозвола од Комисијата за странски инвестиции во САД (CFIUS) и покрај настојувањата да одговорат на барањата на ова регулаторно тело, објаснува главниот извршен директор на MoneyGram господинот Alex Holmes во соопштението.

Оваа комисија ги разгледува предложените странски преземања на американски компании според критериумот национална сигурност, додава американската агенција и оценува дека оваа одлука претставува препрека за амбициите на кинескиот бизнисмен за ширење на глобалниот пазар.

Дали заради ова САД му враќаат мило за драго? Jack Ma во една реченица кажа кој е најголемиот проблем на САД .

error: Content is protected !!