Нови давачки за продавачите на тезгите

Новиот закон кој веќе влезе во сила предвидува продавачите на тезгите да добијат лиценци од Комората на трговци со што ќе бидат обврзани да плаќаат паушален данок, но и придонеси за пензиско и здравствено осигурување.

„За плаќањето на придонесите за здравствено и пенизиско осигурување се согласивме со Владата и со Министерството за економија, тезгаџиите да биде ставен во тарифата на земјоделец поединец“ изјави Екрем Долек, претседателoт на Комората на трговци на Република Македонија.

Пазарџиите многу нормално се револтирани и велат дека и сега едвај врзуваат крај со крај, а со новите давачки ќе бидат доведени до просјачки стап.

Новиот закон не предвидува воведување фикални каси на зелените пазари, оваа обврска е одложена до влегувањето на Македонија во Европската Унија. Што значи македонските пазарџии многу ќе се “израдуваат” кога ќе влеземе во ЕУ.

error: Content is protected !!