Ќе се зголемуваат придонесите за пензиско и старосната граница за пензија
Владата и економските аналитичари подготвуваат два модела за стабилизирање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Анализата на експертскиот тим покажала дека лекот за фондовската каса најверојатно е во зголемување на придонесите и старосната граница за заминување во пензија.
„Ако се одлучиме дека товарот ќе го сноси само една група во тој случај нас ни се потребни поголеми промени. На пример од 18 на 22 отсто треба да одат придонeсите или од сегашни 62 и 64 годишна возраст за пензија да биде 64 или 66 годишна возраст или да бидат помали зафаќањата, но товарот да го сносат сите засегнати страни.“ – изјави Благица Петрески – економски експерт
„Тоа што се направило, било неоддржливо. Кога растат пензиите, не може да се намалува придонесот, а државата е социјална и системот е солидарен…. Тие паушални мерки ќе ги исклучиме, а ќе има други пакет мерки кои значат стабилизација на Фондот.“ – вели Мила Царовска – министер за труд и социјала
Ако во 2000 година дупката во Фондовската каса била 4 милијарди денари, во 2016 – та година изнесува дури 26 милијарди.
Но едно е сигурно ако се зголемат придонесите за пензиско осигурување подебелиот стап ќе го изедат компаниите, бидејќи ќе им се зголемат трошоците и ќе ги намалат инвестициите и новите вработувања.
Ако владата е толку загрижена за дупката од фондот нека ја намали непотребно големата државна администрација и непотребните државни агенции, и со тие пари нека се пополнува дупката од ПИОМ, вака се удира по тие што го полнат државниот буџетн а не тие што го празнат.