МЕПСО вработува копирант зa плата од 24.900 денари

Државната компанија МЕПСО денеска распиша оглас за вработување на деветмина работници. Покрај високите плати, во очи паѓа и тоа што за три работни места не е задолжително кандидатите да имаат работно искуство. Па така, за работното место копирант, се нуди плата од 24.900 денари, а во огласот е назначено дека на кандидатите не им е потребно искуство.

– 1 (еден) извршител на работното место копирант во архива во служба за општи работи Oддел за општи работи во Сектор за правни и општи работи со средна стручна подготовка – ССС – IVстепен , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 24.900,00 денари, се наведува во објавениот оглас.

Но, тоа не е се се вработуваaт и луѓе без искуство за :

-1 (еден) извршител на работното место координатор во Кабинет на директор на Сектор за ИТТК, со Висока стручна подготовка – ВСС – VII степен или по национална рамка за ВОК/ЕКТС – VI/180-240 ектц , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 35.100,00 денари,

-1 (еден) извршител на работното место самостоен инженер за анализа на мрежа во служба за оперативно планирање, Оддел за управување со ЕЕС , во Подружница ОЕПС со Висока стручна подготовка – ВСС – VII /1 степен Електротехнички факултет или по национална рамка за ВОК/ЕКТС – VIА/240 ектц , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 38.500,00 денари.

Огласот е потпишан од генералниот директор Сашо Василевски. Целиот оглас може да го видите на следниот линк.

error: Content is protected !!