Скопјани ќе плаќаат повисоки сметки за вода!
“Покачување на цената на водата во Скопје, за прв пат по 12 години. Поточно, ќе плаќаме поскапа вода во наредни 3 години, во цел мандат на Петре Шилегов, кој, последен пат во јавност е виден како прави селфи на ракомет во Хрватска”, пишува поранешната новинарка Јорданка Ивановска Јоци на нејзиниот Facebook профил, приложувајќи и одлуки . Одлуката ќе се најде на дневен ред на некоја следна седница на Совет на Скопје.
“Она што е најголем блам во случајов и политичко урнисување за СДСМ, е фактот дека партијата во опозиција, во 2014 и 2015 година, бараше намалување на цената на водата за скопјани во висина од 30 % (види фото 3) и тоа преку Драги Давчевски, кој е член на Совет и во сегашниот состав, но не држи веќе вакви пресови” пишува Јорданка Ивановска Јоци.