Работел или не работел секој ќе добие државна пензија!

Владеачката партија промовира нова економска мерка, со која ветува дека на секој граѓанин ќе му следува пензија од државата.

Сите жени кои ќе наполнат 62 години и сите мажи кои ќе наполнат 64 години, а не ги остваруваат условите за старосна пензија, ќе добиваат државна социјална пензија. Право на државната пензија ќе имаат граѓаните кои во последните 20 години живеле во Македонија.

Државната социјална пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија. Граѓаните над 65 години независно дали ги исполниле условите за пензија или не учествувале во градењето на нашето општество и секој од нив заслужува да имаат достоинствена старост, се вели во соопштението.

А пензискиот фонд и сега има над 500 милиони евра дупка на годишно ниво која се покрива од буџетски средства. Дали со оваа мерка и тие што плаќале придонеси ќе се откажат од истите знаејќи дека ќе ги чека државна пензија?

Дали оваа мерка за неколку години ќе придонесе дупката во пензискиот фонд да биде над 1 милијарда евра? Дали е оваа сечење на гранката на која седиме? Се прашања за кои ќе добиеме многу брзо одговор. Во економијата нема бесплатен ручек некој ќе го плати. А тоа сигурно нема да бидат политичарите.

Но едно е сигурно, тие што работеа на диво и не плаќаа придонеси за пензиско најпаметни искочија.

error: Content is protected !!