Колку од потрошената струја е од домашно производство?
Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 669 176 МWh електрична енергија, 36.546 мил. нм3 природен гас, 439 293 тони јаглен и 88 048 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 75.4% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96.7% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.