Дали ќе има нови даноци за брзиот трансфер на пари?

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека со новите законски измени во Законот за вршењето на услугите за брз трансфер на парите власта предвидува оданочување на парите што од странство се праќаат во Република Македонија со данок на доход во висина од 10 отсто.

На тоа одговори Министерството за финансии: „и понатаму ќе се применува постоечкото законодавство, според кое приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат, додека дел од останатите приливи и понатаму ќе бидат предмет на оданочување, како на пример приливи по основ на извршена услуга“, велат од Министерството.

Од таму наведуваат дека со предложените измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција.

„Поточно, со овие измени се овозможува УЈП да има покомплетна евиденција на сите приливи, независно од нивното потекло, како и зајакнување на борбата против даночното затајување. Притоа, предложените измени не претставуваат никаква промена на даночната политика, односно не претставуваат оданочување на дознаките“, велат од Министерството за Финансии.

error: Content is protected !!