Белградска берза преку “crowdfunding” платформа ќе финансира стартапи

Белградската берза до крајот на март на српскиот пазар ќе понуди “crowdfunding” платформа, кој ќе му дојде како еден вид на берза за финансирање на стартапи, на микро, мали и средни претпријатија во соработка со еден од водечките crowdfunding платформи од ваков тип во светот.

“На самиот праг сме да станеме лидери во Србија во помагањето на компаниите во нивните рани фази на развој. Белградската берза до крајот на март треба да стане официјален партнер за српскиот пазар со еден од глобалните лидери во обезбедувањето на crowdfunding , кој ги поврзува компаниита да започнат бизнис, или се во раните фази на развој со инвеститорите кои сакаат нивните пари да се инвестира во нови идеи.” изјави директорот на Белградската берза.

Тој потсети дека во моментов во Србија  најголем дел од финансискиот пазар го имаат банките кои поради силната регулатива на кои се изложени, не можат да ги задоволат потребите за финансирање на стартапите и малите бизниси.

“Тоа што ќе биде предност на моделот кој го прави Белградската берза во однос на стотина слични платоформи во светот е тоа, што наместо награда или некој друг колотерал ќе добиваат пропорционално учество во сопствеништвото на компаниите” додаде Синиша, директорот на Белградската берза.

Crowdfunding пазарот стана еден од најбрзо растечките во светот, а Светска банка во 2015 година процени дека до 2020 година ќе биде остварен вкупен промет од близу 100 милијарди долари.

Неодамна загребската пивара Medvedgrad после 25 години работа одлучи парите за проширување на своето производство да ги побара преку crowdfunding платформата на Загрепската берза, па за десет дена се собрани преку милион евра од 292 инвеститори од 26 земји.

Македонска берза може и понатаму да продолжи мирно да спие.

error: Content is protected !!