За регулациите, Coasian бариерата и Mickey Mouse пристапот во економијата

Малку вистинска наука, но не само теоретска, туку практично потврдена.

Пропаднале СИТЕ системи како што постои регулација со која фактички се поставува или зголемува Coasian бариерата (и со тоа дикретно се оди НАСПРОТИ природната тенденција на зголемување на ентропијата). Или поинаку кажано, економската “термодинамика” е заглавена поради Coasian бариерата. Од друга страна, системи кои што се во склоп со зголемување на ентропијата, со зголемување на слободите (а со тоа и намалување на Coasian бариерата) напредуваат.

Државните регулативи кои што се носат од мала група на луѓе (централизирана власт, спрема Маркс), прво се носат од луѓе кои АПСОЛУТНО ПОИМ немаат од тоа што го регулираат. И уште поважно, тие регулации се примарно водени од ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ на тие што ги носат (политичарите). И како такви тие државни регулативи претставуваат Coasian бариера која што го изолира системот од поефикански можности.

Економија е наука, многу интересна и возбудлива но не е едноставна. И наместо да се има вистински научен пристап, се сведува на разни мислења ( напамет правење муабет) кои што најчесто ги гледаат работите низ една димензија (променлива), поедноставно да не може. Самиот факт што постојат повеќе економски школи, од кои што НИТУ ЕДНА не е ни приближно целосно точна, доволно кажува за површниот пристап.

Од мнозинството “експерти” не е разбрано ниту што парите вистински претставуваат, што понатаму? И се слушаат тотално смешни изјави од типот, дека ќе се зголемел економскиот раст со субвенционирање на платите, Mickey Mouse пристап. Или пак дека само златото претставува “вистински” пари, а се останато е fiat.  Не е разбрано дека ниту златото не е стабилен наш еквилибриум или Schelling point за да претставуваат “вистински” пари. И во праксата СЕКОГАШ кога парите се врзани со златото, тоа секогаш не успевало.

Решение за проблемите ИМА. Но не може тие решенија да се очекуваат од политичари од кариера, чиј што профил на луѓе ги создадоа самите проблеми.

Јованчо Спироски

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

error: Content is protected !!