Македонија се задолжи 56 милиони евра за да врати долг од пред 12 месеци

Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша (се задолжи) 56,1 милиони евра (3,450 милијарди денари), од кои утре ќе ја врати истата сума, односно 56,1 милиони евра (3,450 милијарди денари)по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,810 милијарди денари со камата од 1,20%, 12-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 300 милиони денари со камата од 0,90%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 200 милиони денари со камата од 1,60%, 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 70 милиони денари со камата од 3,70% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 70 милиони денари со камата од 3,20%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои се отплаќаат се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,670 милијарди денари со камата од 1,85%, 12-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 700 милиони денари со камата од 1,75% и 5 – годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 80 милиони денари, со каматна стапка 5,15%.

error: Content is protected !!