Индустриското производство во јануари порасна за 8,4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, пораснало за 8.4%.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи опаѓање од 0.3%, додека секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 16.9%.

Во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 28.4%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15.8%, Капитални производи за 26.6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 57.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 26.1%.

error: Content is protected !!