Автомобилски гигант нема да продава повеќе дизел автомобили во Европа

Еден од најголемите производители на автомобили во светот, Toyotа најави дека ќе престане да продава автомобили, со дизел мотори во Европа.

Претседателот на европскиот огранок на компанијата Johan van Zyl, изјави во Женава каде што се оддржува еден од најголемите саеми за автомобили во светот, дека Toyota во 2018 година ќе ги исфрли дизел моторите  од своите патнички автомобили, пренесува DW.

“Нема да развиваме нова дизел технологија за патнички автомобили, ќе продолжиме да се фокусираме, на хибридни возила” изјави Johan van Zyl.

 Оваа објава доаѓа веднаш откако германскиот суд  им овозможи на градовите да ги забранат старите дизел возила од еколошки причини.

Париз исто така најави дека има планови да ги забрани дизел автомобилите.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!