Мицкоски: владата за два месеци не задолжи за дополнителни 545 милиони евра

Еве што кажа претседателот на ВMPO ДПМНЕ во своето кратко видео обраќање во врска со македонската економија.

Катастрофалната политика на владата на полето на економијата го зема својот данок. Во првите два месеца од 2018 – тата година владата успеа да ја задолжи Република Македонија за дополнителни 545 милиони евра. Или во просек успеа да го задолжи секое семејство во Република Македонија за дополнителни 1.000 евра, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

“Она што повеќе загрижува е фактот дека овие пари со кои што ја задолжи  Република Македонија, не се вложени во развојни проекти, како би гарантирале поврат на истото задолжување на среден и на долг рок. Вториот параметар што сакаме да го коментираме е растот на БДП. Во првите три квартала од 2017-тата година растот на БДП во Република Македонија е на ниво минус 0,4 проценти. Доколку се анализираат макроекономските параметри, во четвртиот квартал од 2017-тата година, тогаш многу лесно можеме да дојдеме до заклучокот дека  2017 –тата година македонската економија ќе има раст на БДП на ниво помеѓу 0 и 0,2 проценти на годишно ниво” рече Мицкоски и додаде:

„Доколку се анализира расот на БДП на светската економија тогаш можеме да дојдеме до следниот заклучок, додека светската економија бележи рекордни резултати и раст, ние мора да се задоволуваме со под просечни резултати. Оваа криминална тендерска влада мора да замине. Доаѓа нова надеж за Република Македонија“.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!