Катастрофа: Растот на БДП во 2017 година е 0%

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2017 година е 1.2%.

Но стапката на раст за цела 2017 година изнесува точно 0% (дали е 0 или сме во минус ќе видиме кога ќе се направи корекција што редовно се прави). Како изгледаше стапката на раст на БДП во 2017 година по квартали во првиот квартал растот на БДП изнесуваше 0%, во вториот квартал растот на БДП изнесуваше -1,3%, во третиот квартал растот на БДП изнесуваше 0.2% и сега во четвртиот квартал растот на БДП изнесуваше 1,2%, но собрано за цела година растот на БДП е 0 проценти.

Дел од економистите сметаат дека ние во првата половина од годината сме биле во рецесија затоа што беа зачудени како баш рамно 0% изнесувал растот на БДП во првиот квартал, а во вториот квартал има пад на БДП од -1,3%. Во првиот квартал само за 0,1% да бил помал растот, Македонија со два негативни квартали и официјално ќе влезеше во рецесија. А интересно е што стапката на раст на БДП за цела 2017 година и сега е рамна на 0% ниту една децимала повеќе или помалце. Најголем пад во 2017 година има во секторот градежништво од – 13,7%.

Во четвриот квартал најголем пад има во секторот градежништвото од 19,5%, во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство има раст од 4%, во секторот Рударство и вадење на камен;
Преработувачка индустрија;Снабдување со електрична енергија гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината иma раст од 1,1% во четвртиот квартал, додека преработувачката индустрија има раст во четвртиот квартал од 2,3%.

error: Content is protected !!