800.000 евра субвенции за сончеви колектори, ПВЦ прозорци и печки на пелети

За субвенции за сончеви колектори годинава од Буџетот на Македонија се одвоени околу 100.000 евра. За субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци се предвидени околу 480.000 евра, додека за субвенции за печки на пелети се одвоени вкупно 230.000 евра.

Според владината програма за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата годинава се предвидени вкупно 50.000.000 денари.

Тие ќе се користат за следните мерки:

– надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност по домаќинство за 2018 година и тоа во износ од 6.000.000 денари и

– за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 %, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство за 2018 година во износ од 30.000.000 денари.

– за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети до 50 %, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство за 2018 година во износ од 14.000.000 денари.

Средствата од Буџетот наменети за програмата, ги распоредува Министерството за економија.

За сите што сакаат повеќе да прочитаат и да се инфорираат можат да видат тука.

error: Content is protected !!