Elon Musk: Вештачката интелегенција претставува поголема закана и од нуклеарното оружје

Основачот на Tesla и SpaceX, Elon Musk, ја критикуваше вештачката интелегенција (AI) поточно наведе дека таа претставува поголема закана дури и од нуклеарното оружје.

“Работам со AI, многу ми е блиска и многу ме плаши. Способна е да направи повеќе отколку што знаеме за неа и напредува многу брзо. Ако некој мисли дека тоа не е вистина, нека види до каде DeepMind AlphaGo AI  на Google стигна минатата година кога го победи шампионот во Go, Ke Jie. Затоа верувајте ми, опасноста која ја носи со себе AI е многу поголема од нуклеарното оружје. Запамтете ги моите зборови” изјави Musk во текот на еден јавен настап во Тексас.

Тој ќе додаде ” Знаете дека не сум поборник на регулација и надгледување, но ова е ситуација каде јавноста може да биде во опасност, а такви ситуации треба да се исечат од корен. Такво нешто веќе го имаме со нуклеарното оружје и строго се надгледува кој го има, кој го развива и кој го тестира. Тоа на сите нас ни е нормално бидејќи сфаќаме што опасност таа претставува. А вештачката интелегенција е уште поопасна. Мораме што порано да повлечеме потези со кои би се заштитиле” енергичен беше Musk.

error: Content is protected !!