Преку нов закон за градежни производи до подобар квалитет и контрола

Од здружението на градежништво и индустрија информираат дека се подготвува нов закон за градежни производи кој треба да го подобри нивниот квалитет и контролата.

Според новиот закон, компаниите ќе треба да одговараат за квалитетот на градежните материјали, а ќе се зголеми и контролата на увезените. Од Здружението посочија дека во изминатите години се вршел увоз на небезбедни градежни материјали.

Се очекува законот да биде донесен до крајот на годинава.

Од Здружението велат дека во изминатите години се вршел увоз на небезбедни градежни материјали, цемент и арматура. Најголемиот дел од арматурата е увезувана од Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина, а цементот од Албанија и од Турција.

Од Здружението велат дека компаниите кои нема да го применат, нема да можат да учествуваат на тендери. По реакцијата до надлежните институции, Царината, пазарниот и градежниот инспекторат, материјалот бил повлечен од употреба.

Се поставува прашањето дали во некои од изградените објекти се користеле небезбедни градежни материјали, со кои се загрозува безбедноста на луѓето. Со оглед дека Македонија е трусно подрачје.

error: Content is protected !!