Лудост: Грција бара да се тргне продавницата со македонски вина на скопскиот аеродром
Ова е за рубриката верувале или не, и е надвор од секој нормален разум, имено грчкиот државен протокол кога го проверувале скопскиот аеродром нашле потенцијален проблем за кој се бара интервенција од домаќините во пресрет на посетата на министерот за надворешни работи на Грција, Коѕиас на Скопје.
Проблемот (за грците) е продавницата за македонски вина која што им боде очи на членовите на грчкиот протокол и за која се бара интервенција на домаќините.
Проблем за грчкиот протокол е што медиумите кои што ќе дојдат со Коѕиас и другите патници можат називот на оваа продавница да го сфатат како провокација што нема да биде добро за процесот на преговори.
Едно од предложените решенија за “Macedonian wines” e продавницата да не работи денеска и утре се до заминување на грчката делегација а нејзината фирма да биде покриена со платно.
Правото на користење на името Македонија во комерцијални цели една од точките за кои преговараат двете земји.
Најсериозно во преговарачкиот процес треба да бидат вклучени и психијатри, вакво однесување не е нормално. А уште поненормално е ако македонската страна ја покрие продавницата само затоа што пишува македонски вина.
На некоја следна посета, може да се бара и сите луѓе од Македонија што се викаат Филип и Александар, привремено да се иселат од Македонија за да не се “провоцира” грчката страна.