Министерот Бектеши потрошил 14 илјади евра по кафеани за само шест месеци!

Според владината алатка за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, Министерот за економија, Крешник Бектеши, за само шест месеци од минатата година, потрошил сума од 14 илјади евра за угостителски услуги во земјата и странство, објави ТВ 24.

Веднаш зад него е вицепремиерот Бујар Османи, кој по кафеани потрошил речиси 13 илјади евра. Министерот за правда Билен Салији, кој минатата недела поднесе оставка од „морални причини“, потрошил 12 илјади евра за угостителски услуги.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски потрошил речиси 9 илјади евра, а Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, потрошил нешто повеќе од 7 илјади евра. Сето тоа, за шест месеци.

Најмалку пари или само по околу 500 евра потрошиле министрите Оливер Спасовки (МВР) и Горан Сугаревски (транспорт и врски), се вели во извештајот на ТВ 24.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој изминатиот  период е постојано на патување поради природата на неговата работа, за шест месеци за угостителски трошоци потрошил 2,500 евра.

За вакво нешто на Запад паѓаат влади и кариери во Македонија мува не ги лази!

error: Content is protected !!