527 евра е минималната потрошувачка кошница а се најавува 18% данок за приходи над 1000 евра

32.383 денари(527 евра) му биле потребни на четиричлено семејство во Македонија во февруари за покривање на основните месечни потреби, покажуваат податоците од Синдикалната минимална кошница, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Најмногу пари биле потребни за храна и пијалоци – 13.395 денари, а 10.476 денари биле потребни за комунални трошоци и покуќнина. За лична хигиена се одвојувале 927 денари, а за хигиена во домот 1.364 денари.

За превоз на едно четиричлено семејство му биле потребни 2.349 денари, а за обувки 2.122 денари. Најмалку пари според синдикалната кошница се одвојувале за културни активности и за здравје.

Оваа информација ја објавуваме затоа што Министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави дека планот на Владата е со 18% да се оданочуваат оние кои имаат нето приходи над 1000 евра.

“Тоа е границата која треба да биде поставена за дополнитена стапка. Таа стапка сигурно нема да удри по средната класа. Луѓето кои имаат доход повисок од овој се приходи кој во голем дел не се од труд, туку од капитал” рече Тевдовски додавајќи дека станува збор за став на Министерството за финансии и дека како драфт верзија наскоро ќе биде објавено за јавноста да го каже своето мислење.

Министерот за финансии е доволно да ги отвори социјалните мрежи каде денеска е објавена веста за планираното зголемување на данокот за приход, и од прва рака да прочита што јавноста мисли за неговата предлог мерка.

error: Content is protected !!