Global Finance ја прогласи најдобрата банка во централна и источна Европа

Global Finance на доделување на наградите за најдобри светски банки за 2018 година, во категоријата најдобра банка во централна и источна Европа, jа прогласи Raiffeisen Bank(Рајфајзен банка).

Реномираниот финансиски магазин престижната награда на оваа банка и ја доделува веќе 12-ти пат во последните 15 години.

„Титулата ‘Најдобра банка во централна и источна Европа’ претставува чест, но и обврска и понатаму да настојуваме да остваруваме квалитет и да нудиме првокласни услуги и производи во регионот“, изјави претседателот на Управата на Raiffeisen, Јохан Штробл. „Таа награда воедно е резултат на нашата добра стратешка позиција и успешност.“

Комплетниот извештај околу изборот ќе биде објавен во мајското издание на магазинот Global Finance, заедно со имињата на победниците во речиси 150 земји од Африка, Азија, Блискиот Исток, Латинска Америка, Северна Америка, потоа средна, источна и западна Европа.

error: Content is protected !!