(ВИДЕО) Сингапур: Робот состави столчe од Ikea за 8 минути

Прва асоцијација за Сингапур е држава со големи економски слободи, и многу мала корупција и една од најконкурентните економии во свет.

Но со развиена економија доаѓа и високо развиена технологија. Професорот Фам Куанг Куонг и неговиот тим од Факултетот за машинско и воздушно инженерство во Сингапур, создадоа робот којшто самостојно може да состави мебел од Ikea.

Роботот има 3D камера и две роботски “раце“ со специјален механизам за составување на предметите.

За самостојно да ја заврши задачата на роботот му биле потребни 11 минути и 21 секунда за планирање на движењата коишто треба да ги направи, три секунди за наоѓање на деловите, а потоа за 8 минути и 55 секунди го составил столчето.

Оваа технологија е развиена на универзитетот NTU во Сингапур.

Please follow and like us:
0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!