Рударите на САСА издејствуваа големо покачување на платите

Раководството на рудникот Саса го прифати предлогот на синдикатот и прифати генерално зголемување на платите на сите вработени во компанијата за 5.500 денари повеќе. кое ќе се реализира оваа и наредните две години. Дополнително, платата на сите вработени ќе биде зголемена и за дополнителни 5% во 2019-та и уште толку во 2020 година.

Со ова покачување, платите во рудникот Саса ќе го надминат прагот од 40.000 денари, односно ќе бидат за 27% повиски од просечните плати во рударската индустрија во земјава, согласно официјалните податоци за исплатената просечната плата во рударството во јануари 2018-та година, објавени од страна на Државниот завод за статистика.

error: Content is protected !!