Кај ветерниците во Богданци ќе се градат уште 4 нови ветерни турбини
Идната година ќе се комплетира ветерниот парк кај Богданци. Имено ќе бидат инсталирани нови 4 турбини за што државата обезбеди 18 милиони евра од германската КХВ банка. Ветерниците кај Богданци ги посетија претставници на косовската Влада која планира по примерот на Македонија да подигаат ветерен парк и во Косово.
Македонските енергетски власти најавуваат ветерници кај Миравци и соларна централа кај Осломеј.