Дизелашите се спасени: Германски изум ги прави 10 пати почисти од дозволените граници!

Дизелашите се спасени! – тврдат од Bosch најголемиот светски произведувач на електроника и уреди за автомобили. Германскиот гигант кој има 402 000 вработени го претстави револуционерниот систем за прочистување од штетните гасови кои ги испуштаат дизел автомобилите што ќе овозможи револуција односно намалување на емисјата на озлогласениот азотен оксид (NOx) на ниво 10 пати помало од ограничувањето што ќе биде во 2020 година.

Оваа вест доаѓа како мелем на рана за германските произведувачи на автомобили чиј погон силно се темели на дизел моторите. Кој поради мамење на тестовите за испуштање на азотен оксид во милиони автомобили на Волксфаген групацијата, добија забрана старите дизелаши да се возат во центаралните подрачја на германските градови и  се водеше голема хајка против дизелашите како еколошки неприфатливи и тие изгубија милијарди евра.

Во перспектива, германската автоиндустрија, поради скапиот развој на алтернативни погони каде што заостанува зад јапонската конкуренција, изгубија веќе многу. Пример, Волксфаген само во САД мораше да исплати повеќе од 30 милијарди долари за казни и оштета во врска со аферата Dieselgate а на депониите стојат десетици илјади вратени дизел автомобили.

Станете наш фан ако не сте, на нашата Facebook страна (Macedonian Business Hub) и читајте интересни текстови и размислувања што ги нема на друго место.

error: Content is protected !!