Нов рекорд: Македонскиот јавен долг надмина 5 милијарди евра!

Министерството за финансии ги објави податоците за државниот и за јавниот долг за првото тримесечје од годинава, односно заклучно март 2018.

Јавниот долг изнесува 5 084 800 000 евра, додека централниот јавен долг изнесува   4 270 700 000 евра. За само три месеци за 298 милиони евра е зголемен јавниот долг, додека централниот долг е зголемен за 312 милиони евра.

На крајот од првото тримесечје државниот долг изнесува 39,7% од Бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 47,2% од БДП. Но до пред извесно време во јавниот долг се пресметуваше и долгот на Централната Банка.

Но читајте ги ѕвездичките од официјалниот документ од Министерството за финансии означени со *.

* Во состојбата на државен и јавен долг не е вклучен долгот на Народна банка на Република Македонија.

*** Податоците за бруто-домашниот производ заклучно со 2017 година се официјални податоци на Државниот завод за статистика, додека податокот за БДП за 2018 година е проекција на Министерството за финансии.

Линк до документот од Министерството за финансии.

error: Content is protected !!