Мултимилијардерот од Египет, Северна Кореја и купувањето злато за неколку милијарди долари

Египетскиот милијардер , сопственик на единствениот телекомуникациски оператор во Северна Кореја, вложува милијарди во злато.

Наџиб Савирис , вториот по богатство египјанец , вложи во купување злато дури половина од своето богатство проценето на 5,7 милијарди долари. Тој смета дека поради кризата во светот, цените на златото ќе расте и од 1 300долари ќе достигне 1 800 долари.

Голем дел од богатството на Савирис потекнува од Северна Кореја , каде е сопственик на единствениот телекомуникациски оператор . Во Пјонгјанг го изгради и најголемиот хотел , висок 330 метри.

,,Трамп да им понуди просперитет во замена за напуштање на нуклеарната програма . Тоа е решението.” вели милијардерот кој поради своите врски со Северна Кореја има проблеми во водењето бизнис со речиси сите Западни земји.

error: Content is protected !!