Мила Царовска: Ако отпуштите вработен следните 2 години нема да може да вработите друго лице
Според Мила Царовска измените во законот за работни односи влеваат дополнителна сигурност за работниците за задржување на нивното работно место, но и за зголемување на нивниот животен стандард.
„Без социјален дијалог, нема унапредување на работничките права. Со измените во законот ќе се добијат прецизни договори за работен однос, но и заштита за работникот да не остане без неговото работно место“, рече Царовска, која додаде дека доколку работодавачот отпушти вработен, на истото работно место нема да може да вработи друго лице следните две години (1 минута и 50 секунди на видеото).
За апсурдноста на овој закон, се коментираше доста на социјалните мрежи но еден коментар најдобро опишува колку е добар и логичен законот.
Јас најмувам некој за копање лозје (на пример). Типот не копа, туку цел ден пие под орев. Јас го отпуштам, и две години си го копам лозјето сам…
Овој закон ќе делува демотивациски за нови вработувања. И работодавците место да даваат договори за неопределено работно време, сега ќе даваат договори за 3 месеци. Па и некој да не ја извршува својата работа како што треба компанијата ќе почека да му заврши договорот за да не го продолжи.
Но во иднина ваквите договори на 3 месеци ќе бидат се почести, и вработените ќе бидат под поголем стрес дали ќе им ги продолжат или не.
Уште една голема победа за правата на работниците и грижата кон нив.
