Тинекс ќе прави IPO на Македонска берза

Еден од најголемите ланци на супермаркети во Македонија компанијата Тинекс ќе објави јавна понуда на акции на Македонската берза, наскоро. Во моментов во тек се преговори со берзата за реализацијата на понудата, потврди Иван Штериев, директор на Македонска берза.

Јавна понуда на акции (IPO) е вообичаена практика за собирање свеж капитал во друштвата во поразвиените пазари на капитал.

За разлика од развиените западни држави IPO, во Македонија е вистинска реткост.

Продажбата на акции преку јавна понуда се прави со проспект во кој се објавуваат сите податоци за работата на друштвото. Сите детали за објавата се договараат и со овластената берза.

Тинекс ќе биде едно од ретките друштва која на ваков начин ќе запише акции во земјава.

error: Content is protected !!