Србија: Младите претприемачи во првите 2 години од работењето се ослободени од данок

Додека во Македонија следната година ќе се воведе прогресивен данок при што ќе пораснат трошоците за плати на високо квалитетниот кадар (искусни инжинери, информатичари итн), Србија иде во друга насока.

Имено Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека од октомври годинава целосно ќе бидат ослободени од даноци младите луѓе кои по завршување на образованието сакаат да започнат сопствен бизнис.

Брнабиќ смета дека овој начин на помош на младите претприемачи е добра дури и ако фирмата не успее.

“Државата ве остава на мира да се обидете со минимални трошоци да започнете бизнис. На тој начин ќе научите многу повеќе отколку што би можеле да научите ако некаде сте работеле или ако само сте чекале и сте барале вработување”, смета Брнабиќ.

Ако резултатите од оваа мерка бидат добри, српската премиерка вели дека проектот ќе се проширува со уште некои други мерки со цел вработување на младите.

Како пример на држава на која треба Србија да се огледа Брнабиќ ја посочува Израел, кој е шампион по бројот на стартап фирми и каде 80% од децата во училиште се гледаат себеси како идни претприемачи кои ќе отворат сопствена фирма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!