Чифлиганец купи голем удел во Комерцијална банка

Ванчо Чифлиганец кој е сопственик на Адора инженеринг купи 52.189 акции на Комерцијална банка. Информацијата ја презентираше Банката на Македонска берза.

Блок трансакцијата според објавеното на Берзата, е извршена вчера.

„Адора Инженеринг“ со оваа трансакција го надмина прагот од 5 отсто од вкупно издадените акции на Комерцијална банка и моментално има 7,19 отсто во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

Пред една недела и Хари Костов купи акции од Комерцијална банка за што пишувавме во текстот Погодете: Кој купи 1000 акции од Комерцијална банка?

Што е причината богати македонски бизнисмени да купуваат поголеми количини на акции од оваа банка? Дали имаат некоја информација за која обичните “смртници”се уште немаат информација?

Но едно е сигурно за само 3 месеци акцијата на Комерцијална банка од 3200 денари стигна до 4200 денари што претставува раст на вредноста за нешто малку повеќе од 30%.

error: Content is protected !!