Сакаш да бидеш успешен? Ослободи се од лузерите во твојот живот!
Во последните пет години, јас претрпев процес на самоподобрување што ми овозможи да преминам од кариерата во која бев мизерен во нешто што го сакам. Ако ми кажевте дека кога ќе ме отпуштат од мојата работа во корпоративниот свет, дека ќе имам моја сопствена маркетинг компанија, колумна во Inc. Magazine и речиси 200 000 следбеници на социјалните мрежи, ќе ви речев дека сте луди.
Една од првите работи која ја научив на ова мое патување на самоподобрување е дека треба да се ослободам од лузерите со кои се дружев и кои ги слушав.
Претрпувањето многу порази не те прави лузер
Кога се стремиш кон успех во животот и се обидуваш да ги туркаш лимитите на тоа што е возможнo, ти ќе имаш многу неуспеси и пречки на тој пат. Ова е само дел од процесот и нешто со кое треба да се справиш за да ги оствариш твоите соништа.
Јас верувам дека лузерите се луѓе што го прифаќаат губењето како начин на живот и нивната главна цел во животот станува да ги срушат другите заедно со нив. Лузерите се луѓе кои се жалат за нивната ситуација во животот, но се премногу мрзеливи да ги направат неопходните промени за да се подобрат. Тие се запустуваат себеси. Наместо да бидат среќни кога ќе видат другите околу нив како доживуваат успех, тие стануваат огорчени, љубоморни и зајадливи.
Не секој ќе го разбере твоето патување
Некои луѓе се чувствуваат загрозени од успехот на другите луѓе. Тие лесно стануваат љубоморни. Тие брзо се жалат за нивните околности во животот но немаат волја да направаат било што во врска со тоа. Па кога ќе видат некој кој работи напорно во правец на неговата цел во животот, тоа го гледаат како нешто различно, нивната реакција e често потценувачка во однос на соновите на другите. Тие луѓе не победуваат. Тие престануваат да се развиваат.
Лузерите често бараат компании и ги убедуваат другите дека исто треба да престанат да ги бркаат своите соништа за успех.
Кога ќе дозволиш да имаш лузери во твојот живот, тие ќе ја искористат оваа можност да те бутнат дури и нешто повеќе од тоа. Не дозволувај да имаш лузери во внатрешниот круг на верни советници.
Лузерите често стануваат константен негативен глас во твоето уво кажувајќи ти дека не си доволно добар бидејќи тие самите не се доволни добри.
Не секој ќе знае од што си поттикнат. Тие нема да ја разберат твојата трудољубивост. Тие нема да ја разберат вашата константна потрага за знаење и можности да се подобрите себеси.
Потрошив години слушајќи го негативниот глас во мојот живот и тоа го лимитараше мојот потенцијал. Не само потенцијалот во мојата кариера, туку и потенцијалот да бидам навистина среќен и во животот.
Опкружи се со победници
Еднаш кога ќе ги отсечеш лузерите од твојот живот, следниот чекор е да започнеш да се дружиш со победници. Тие се луѓе кои се на слично патување. Победниците додаваат вредност на твојот бизнис и го збогатуваат твојот живот на многу начини.
Станете наш фан ако не сте, на нашата Facebook страна (Macedonian Business Hub) и читајте интересни текстови и размислувања што ги нема на друго место.