Над 8000 слободни работни места во првите три месеци од годинава

На невработените и оние лица кои бараат работа во првите три месеци од годинава им стоеле на располагање 8331 слободно работно место.

Најмногу недостасувале работници од услужните дејности и продажбата, а најбарани биле работници во пелагонискиот, иако најголем број слободни работни места имало во скопскиот регион околу 4 илјади работни места. Ова се податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, а според нив, во јануари, февруари и март стапката на слободни работни места изнесувала 1.68 %.

Најголемиот процент на слободни работни места од 4.25% има секторот административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот на јавна управа и одбрана.

Во Македонија имаме проблем со кадровскиот потенцијал во инситуциите, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој потенцираше дека државната администрација е превработена, но во одредени сектори недостига високото образован кадар.

Граѓаните сепак со став дека до работа се потешко се доаѓа како за младите така и за повозрасните.

error: Content is protected !!