Анѓушев: Сите економски показатели се позитивни освен нискоградбата

Првиот квартал од 2018 година во споредба со истиот период лани бележи раст во сите економски сфери, освен во градежништвото-нискоградба, соопшти денеска на прес-конференција во Владата вицепремиерот Кочо Анѓушев, презентирајќи ги анализите од информациите на државните институции и стопанските комори, во првиот квартал од годинава во споредба со првиот квартал во 2017 се очекува раст на земјоделството за околу 7%, на преработувачката индустрија за 6%, на услужните дејности за 10%, како и на градежништвото – високоградба.

Анѓушев посебно изрази задоволство од растот на извозот кој, како што напомена, е 14,3% повисок во евра или дури 31% во долари.

Според вицепремиерот, вкупните приходи во буџетот во првиот квартал од годинава бележат раст од 4,6%, даноците пораснале за 7,2%, а придонесите за 6%.

Единственствено Владата очекува пад во нискоградбата каде, се прооценува намалувањето да достигне 35 до 40%.

error: Content is protected !!