Субвенционирани евтини летови ќе има и во следните три години

Влада, иако пред една година како опозиција обвинуваше за нелојална конкуренција во авио бизнисот, до 2021 – та година на авиокомпанијата која ќе победи на тендерот ќе и даде пет милиони евра државна помош. Огласот важи за сите домашни и странски авиокомпании кои ќе ги исполната критериумите.

„Најдоцна до први декември 2018 – та година да воспостави база од најмалку еден воздухоплов на меѓународниот аеродром Скопје за периодот за кој се доделува финансиската подршка. Најдоцна до први ноември 2018 година да започне со оперирање на две нови дестинации од аеродромот во Скопје и да започне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид“, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Според договорот , со секоја нова дестинација која ќе ја воведе нискобуџетната компанија ќе добие 40 илјади евра државната помош. За секој превезен патник од Скопје авиокомпанијата ќе добие за првата година по девет, за втората осум и за третата година по седум евра по патник. За од Охридскиот аеродром субвенциите се повисоки и изнесуваат 13 за првата, 12 за втората и 11 евра за третата година од договорот. Нискобуџетната авиокомпанија ќе го користи аеродромот во Скопје се до влезот на земјава во Европската Унија. Потоа, како алтернатива на располагање ќе биде охридскиот аеродром.

„Целата интенција на овој јавен повик е сообраќајот да се пренасочи кон Охридскиот аеродром и за еден извесен период тоа да биде аеродромот за нискобуџетни авиокомпании“, изјави Светлана Глигоровска од министерството за транспотр и врски.

Во последниве шест години колку што се субвенционира нискобуџетната авиокомпанија „Визер“, од државата доби близу 10 милиони евра. СДСМ како опозиција обвинуваше за нетранспарентност и нарушување на конкуренцијата во авиобизнисот . Со свои анализи и пресметки тврдеа дека со парите дадени за оваа намена може да се основа национален авио превозник. Македонија е единствена земја во регионот која нема национален авио превозник.

error: Content is protected !!