Стопанска Комора: Да се успори со привлекувањето на странски инвестиции

Бизнис заедницата побара од премиерот Зоран Заев да се успори со привлекувањето на странски инвестиции. Причина е недостатокот од квалификуван кадар на пазарот на труд. Доколку се продолжи со ова темпо, ќе нема кој да работи кај новите инвеститори, велат од Стопанската Комора на Македонија. Бараат итна промена на образовната стратегија и насочување на младите луѓе кон техничките и стручните дејности.

„Ова е некако рефлексија на социјализмот кога се форсираа општествените науки и траеше долги години, па имавме и еден погрешен концепт од 2006 – та па натака и мислам дека се направија големи проблеми, а тие не се решаваат за еден ден“, рече Бранко Азески претседател на Стопанската комора на Mакедонија.

На ова барање, премиерот Зоран Заев не даде конкретен одговор. Призна дека е алармантна состојбата со кадар во приватниот сектор. Вели дека загрижува фактот што стапката на невработеност се уште е над 20 отсто. Заев напомена дека првите чекори за подобрување на состојбата се направени преку воведување во образовниот процес засилена практичната работа.

Реалната слика за кадарот кај работи во странските фабрики даде Штефан Питер, претседател на Советот на странски инвеститори. Во Македонија со години недостасува квалификувана работна сила, вели Питер и додава дека вината на некој начин ја гледа и кај самите компании кои навреме не решиле да дообучуваат работници.

„Знаете дека ЕВН започна иницијатива за стучно образование, за стручна обука. Ова го правиме втора година и верувам дека ова е еден успешен модел и премиерот мислам дека мислеше токму на ова кога зборуваше за јавно –приватно партнерство“, рече Штефан Питер – претседател на Совет на странски инвеститори.

error: Content is protected !!