Македонија денес се задолжи 57 милиони евра

На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 3,5 милијарди денари (56,9 милиони евра). Од кои на 19.09.2018 година ќе се врати приближно ист износ, или 3,4 милијарди денари (55,9 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1,8 милијарди денари со камата од 0,90%.

3-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1 милијарда денари со камата од 1,50%, 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 400 милиони денари со камата од 3,40% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 300 милиони денари со камата од 2,90%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои се отплаќаат на 19.09.2018 година се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,9 милијарди денари со камата од 1,85% и 12-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 493,2 милиони денари со камата од 1,75%.

Во текот на месец септември по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 4,2 милијарди денари или 68,5 милиони евра.

error: Content is protected !!