Велика Британија ќе прима само висококвалификувани мигранти
Кабинетот на британската премиерка, Тереза Меј, се согласил со планот – миграцискиот систем на Велика Британија, после Брегзитот, да се фокусира на висококвалификувани мигрантски работници, пренесува Financial Times.
Тоа би значело дека работниците од ЕУ, коишто сакаат да аплицираат за работа во Британија, нема да имаат предност пред мигрантите со соодветно образование што би биле заинтересирани за истото работно место.
За разлика од Британија, Германија прими околу 1,5 милион мигранти/бегалци во последните три години, каде што помал дел од нив најдоа работа, а поголемиот дел и понатаму зависат од државна помош. Многу мал дел од новодојдените мигранти/бегалци работат на висококвалификувани позиции. И покрај големиот наплив на мигранти/бегалци, Германија не успеа да го реши проблемот со недостатокот на висококвалификувана работна сила.