„ОДВ Eлектрик“ почнува со реализација на втората фаза на инвестицијата вредна 4,2 милиони евра

Германската компанија „ОДВ електрик“, која работи во технолошко-индустриската развојна зона Струга/Охрид, денеска објави дека почнува со реализација на втората фаза на инвестицијата, односно изградба на нов дополнителен производствен капацитет од 4.500 квадратни метри, инвестиција од 4,2 милиони евра и нови 90 вработувања.

Компанијата ОДВ во моментов вработува 310 лица во својот објект со површина од 4.500 квадратни метри, а со новата инвестиција производствениот простор се удвојува и ќе изнесува околу 10 илјади квадратни метри.

Во втората фаза на инвестицијата на ‘ОДВ електрик’ во новиот погон се планира вработување на високоедуциран кадар, што би требало да значи и подобро платени работни места.

„ОДВ Електрик“ е основана во 1970 годината и сè уште е во сопственост на основачките семејства. Покрај фабриката во Германија, во моментот компанијата работи со четири дополнителни подружници на југот на Унгарија, западниот дел на Украина, Македонија и во Мексико. На крајот на 2017 година ‘ОДВ електрик’ вработуваше околу 2.200 лица во сите четири фабрики’, рече извршниот директор на „ОДВ електрик“, Мартин Ехрет.

error: Content is protected !!