Блаже Аризанов: Oд Индија постојано а ете и од тука ми стигнува едно повторливо прашање
Oд Индија постојано а ете и од тука ми стигнува едно повторливо прашање
Абе имам ваква или онаква идеа, ми фалат ко-основачи. Како да ги најдам?
Дечки. Предизвикот е мачен но едноставен.
За да најдете коосновачи треба најпрво да осигурате дека уживате репутација во одредено поле.
Дали си (одличен) програмер?
Или одличен дизајнер?
Или одличен маркетер?
Одличен писател?
Луѓето преферираат да работат со други кои се подобри од нив.
Ако си истакнат програмер, повеќе луѓе ќе се јават на твојот повик за коосновачи
Исто ако си добар маркетер.
Ако не што мајка ќе бараат луѓето да си трошат младост со тебе и да напуштаат сигурна работа?
Затоа прашај си се следново
Дали си навистина извонреден во одредена област?
Дали го имаш покажано тоа?
Ако не, прво осигурај дека се шири гласот за твоите вештини па потоа барај луѓе да работат во твојот тим
Ако си уште еден ипсилон, не ме интересираш без оглед колку јака е твојата идеа. Јаки идеи има наоколу ехеее..
Блаже Аризанов
Автор на книгата Белиот трофеј и ко-основач во индискиот милионски стартап Stay Uncle.