Апсурдите зад прогресивниот данок: Скандинавија, црвените фантазери и македонската мизерија

Во бизнисот има нешто што се вика БИЛАНС НА СОСТОЈБА, како крвна слика на една компанија…што во нејзе всушност има, какви вредности ја сочинуваат. Во Биланс на состојба на една фирма во Германија или Данска од 70 до 80% влегува технологија. Технологијата е најчесто најмодерна, репроматеријалите се најквалитетни, продуктивноста по работник се мери во десетици па и стотици илјади евра. Околу 10-20% од билансот на состојбата го сочинува инфраструктурата, репроматеријалите, и евентуално алатите (доколку ги има). Останатите 15-20% се хартии од вредност, најчесто ликвидни средства на ж-сметка или акции/удели во други фирми.

Со ваков биланс фирмите се максимално продуктивни, конкретно данските и германските фирми продаваат производи и услуги по цел свет, додека продуктивноста подразбира најниски можни трошоци по единица производ/услуга.

Билансот на состојба е надополнет со нешто што се вика БИЗНИС КЛИМА. Германија и Данска се шампиони во борба против корупција, приватниот капитал ја има најдобрата можна правна заштита во светот, додека локалното население има голема куповна моќ, што знали може да си дозволи егзисенција и со нешто повисоки цени.

Социјаланта политика со овие преформанси нема никаква врска. Минимална плата во Германија е нешто над 1000 евра, но обичните работници неретко земаат плати и над 3000, над 4000 евра…па дури и повеќе. Платите над социјалниот минимум не се делат од милост, туку благодарение на огромната продуктивност, додека продуктивноста е огромна благодарение на изобилието на капитал.

Како тоа изгледа во Македонија?

Во биланс на состојба на просечна македонска фирма околу 70% е инфраструктура: празни хали, магацини, празни канцеларии, паркинзи, па дури и обраснати ниви. Околу 20% се машини останати од Југославија или половни машини донесени најчесто од Турција или Србија. Репроматеријали немаат сите на залиха, пари на ж-сметка ретко кој има дволно, додека удели/акции во други компании се инцидентна појава.

Ова подразбира ниска продуктивност, македонските фирми се најчесто присутни во Германија или на Балканкот, додека останатите пазари се речиси анонимни. Малку продаваме низ светот, и затоа на секој први во месецот имаме мал колач за делење. Тоа ни носи ниски примања, ниска куповна моќ, односно луѓето бараат што пониски цени, што пониски трошоци на живот.

Деловната клима во Македонија (меѓудругото) подразбира корумпирана држава и мала сигурност за приватниот капитал, државните институции се неефикасни и несигурни дури ниту за самите жители, а камо ли за капиталот кој шета низ целиот свет. Затоа имама далеку помалку инвестиции по работна рака, помала продуктивност, помали профитни маргини, помало производство, помали продажби…и помалку пари за трошење.

Само еден пластичен пример: Фабриката БМВ во Минхен, вработува 120.000 работници кои на фабриката и носат годишен промет од приближно 200 милијарди евра (безмалку 20 македонски економии). 120.000 работници можете да најдете и во Македонија по различни сектори…ама прашајте ги нивните фирми колку пари прават нашите 120.000 македонски работници. ПРАВАТ МИЗЕРИЈА!

Затоа македонските фирми НЕМОЖАТ да плаќаат даноци како оние во Германија и Данска, драги министре. Тиа земји поминале низ фаза на либерален капитализам, во кој даноците биле симболични, а државата нем арбитар на општеството. Сите земји каде денес има висок животен стандард, некогаш имале едноцифрани даноци и речиси никакви бизнис регулативи.

Виктор Трифуновски

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

error: Content is protected !!