Слободниот пазар е право, не е привилегија

Основните човекови права и слободи историски не произлегуваат од никаква влада, туку тие претходат на неа. Меѓу нив, освен верската слобода, слободата на говорот и слободата на пишаниот збор, припаѓа и економската слобода (слобода на работа и вработување, производство и трговија). Последното значи одржување на сопствениот живот преку личниот труд, слобода да се влезе во соработка со други луѓе за заеднички интерес, правото да се акумулираат плодовите од сопствениот труд и апсолутна сопственост на заработените пари.

Кога владата им “дозволува” на луѓето да се занимаваат со некаква економска дејност тоа не претставува остварување на основните човекови права и слободи, туку нивно лимитирање. Единствената легитимна причина за постоење на владата не е арбитрарно легализирање на слободата, туку нејзина целосна заштита. Кога владата станува деструктивна по неа, луѓето имаат должност да ја сменат или во крајна инстанца дури и да ја укинат.

Зоран Карапанчев

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

error: Content is protected !!