Спротивно на Уставот увидот на УЈП во приливите на сметките ќе биде ретроактивен

Власта не отстапува, од стартот на идната година УЈП ќе има увид во сите приливи на сметките на граѓаните. Измените на законите за банки и за УЈП се тераат по скратена постапка, денеска добија зелено светло од Комисијата за буџет, а ставени се на дневен ред и на собраниската пленарка, откако ќе се изгласа Буџетот. Експертите сметаат дека ако институциите добро ги изградат механизмите за заштита на личните податоци, новините не се проблематични.

Сепак, според даночниот експерт Гацов, законите ќе почнат да важат од стартот на идната година, но УЈП ќе бара информации за приливите и за цела 2018, што може да ја проблематизира нивната примена, затоа што ќе имаат ретроактивно дејство, што не е уставно.

– Затоа што е неуставно, сите нови решенија генерално се применуваат од моментот кога ќе се објават во Службен весник па натаму, значи станува збор за правен режим каде со Уставот носењето на ваков закон е проблематичен, бидејќи бара информации ретроактивно. Проблем е само механизмот кој е демократичен, по Устав не може пропис да важи ретроактивно“, вели Павле Гацов, даночен советник во изјава за Телма.

error: Content is protected !!