Во ноември просечната нето плата изнесувала 24 548 денари, а кај програмерите 60 260 денари
Според податоците кои денес ги објави Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесувала 24 548 денари. ДЗС пресмета дека во однос на истиот месец претходната година, има зголемување на платите од 5,7%.
во секторите: Информации и комуникации (19.2 %), Рударство и вадење на камен (18.6 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10.2 %).
Листата на најдобро платени професии во Македонија и натаму ја предводат компјутерските програмери со над 60.260 денари месечни приходи. Добро се платени и во воздухопловен транспорт со околу 57.000 денари, фармацевтите околу 43.000, додека правниците и сметководителите земаат во просек по 30.000 денари плата.
Најниски плати имаат работниците во угостителството кои подготвуваат или служат храна, во продавниците, работници ангажирани за производство на мебел и на облека, кожари.
