Само 197 милиони евра потрошила Владата за капитални инвестиции во 2018 година

Едвај 197 милиони евра потрошила владата за капитални проекти во 2018 година, покажуваат податоците за извршување на буџетот за 2018 година. Тоа е само 65,5 отсто од 300 милиони евра за капитални инвестиции предвидени со ребалансот на буџетот.

Споредено пак со првично предвидените 395 милиони евра за капитални проекти, реализацијата до крајот на годината е едвај 50 проценти. Најголема реализација на капитални инвестиции има во декември или 56,3 милиони евра. Најлош месец бил јануари кога биле реализирани капитални проекти од 4,6 милиони евра.

Токму слабата реализација на капиталните инвестиции беа причина за ребаланс на буџетот на крајот на октомври, каде од оваа ставка беше скратени за 100 милиони евра. Од Владата очекуваа дека после ребалансот реализацијата на капиталните проекти ќе биде над 80 отсто.

error: Content is protected !!